Гадафи повика на прекин на огнот и преговори со НАТО

30 април, 20110
gaddafi41

Либискиот лидер Моамер Гадафи во говор на државната либиска телевизија, повика на прекин на огнот и преговори со НАТО, пишува “Бета“, пренесува НетПрес.

Пред иницијативата на Гадафи за прекин на огнот, НАТО го бомбардирал комплексот на владините згради во Триполи, меѓу кои и зградата на државната телевизија.

Во нападот, зградата на телевизијата не била оштетена, а Гадафи и се обратил на нацијата од непозната локација. Еден либиски претставник навел дека целта на воздушните напади на НАТО е убиството на Гадафи.

“Вратата на мирот е отворена. Вие сте агресори. Ние ќе преговараме со вас. Повелете Франција, Италија, Британија, Америка, дојдете ние ќе преговараме со вас. Зошто не’ напаѓате?“, прашал Гадафи во неговиот говор.

Тој истакнал дека Либискиот народ има право да избере политички систем, но не со закана за бомбардирање од страна на западната Алијанса.

“Зошто ги убивате нашите деца? Зошто ја уништувате нашата инфраструктура“, прашал Гадафи, негирајќи дека неговите сили убивале либиски цивили.

Интервенцијата на меѓународната заедница во Либија започнала на средината на месец март, во рамки на мандатот на Обединетите нации кои дале зелено светло за воена акција со цел да се заштити цивилното население од нападите на силите лојални на Гадафи.

Во нападите на НАТО кои се случиле во текот на раните утрински часови, уништени се две владини згради, а според зборовите на еден полицаец, три лица биле повредени.

Неколку часа порано, силите на Гадафи го нападнале упориштето на бунтовниците, Мисрата и убиле 15 лица, меѓу кои и едно деветгодишно момче, информирале од тамошната локална болница.

Мисрата  град од 300 илјади жители  е главно упориште на бунтовниците во западна Либија и се наоѓа под опсада на владините сили скоро два месеци.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi