Мислел дека е крадец, па си ја застрелал ќерката! :(

30 ноември, 20110
u

Федерика (24) во понеделникот се вратила дома, а кога влегла низ вратата не го запалила светлото во ходникот. Нејзиниот татко видел силуета од човек, веднаш го земал пиштолот мислејќи дека некој провалник влегува во куќата и почнал да пука.

Леонардо Алонсо (52) од Уругвај мислел дека го застрелал крадецот кој се обидувал да влезе во куќата, но кога го запалил светлото видел дека си ја убил ќерката.

Точно пред месец дена  на 30 октомври во семејната куќа на Алонсо провалил крадец  и ја нападнал ќерка му. За среќа, дошле таткото и братот на девојката, му дале пари на крадецот и тој ја пуштил девојката. Од тогаш семејството постојано било внимателно, но никако не помислувале дека сето тоа ќе заврши во голема семејна трагедија.

Таткото Леонардо моментално е во болница каде се опоравува од шокот, а во меѓувреме полицијата го испитувала. Федерика ја застрелал во градите, поради што веднаш починала. Властите предупредиле дека многумина луѓе кои поседуваат оружје не се подготвени или незнаат да ракуваат со него, а тоа за жал често доведува до големи трагедии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi