По што ќе ја памети светот 2011?!

31 декември, 20110
jhjnjjnkl

Годината која изминува ја одбележија многу бурни светски настани, како што е убиството на лидерот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен, потоа убиството на лидерот на Либија Муамер Гадафи, катастрофалниот земјотрес и цунами во Јапонија, како и кралската венчавка меѓу принцот Вилијам и Кејт.

Во текот на целата година илјадници луѓе демонстрираа, почнувајќи од арапската пролет, демонстрации против властите и против капитализмот.

Уште во јануари месец започна арапската пролет, која се уште трае во одреденио исламски земји кои се борат да ги срушат диктаторските режими. Соборени беа претседателите на Тунис, Либија и Египет, а протести се уште има во Јемен и Сирија.

Јапонија беше погодена од ужасна несреќа, кога во март се случи силен земојтрес кој предизвика цунами и хаварија во нуклеарната централа Фукушима.

САД и Европа во текот на целата година се бореа со финансиската криза, која ја предизвика падот на грчката влада и заминувањето на италијанскиот премиер од функција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *