Спасувале жена, па им паднала во ледениот Артички океан

21 април, 20110
boat

Британката Janet Richardson (73)  почнало да и се лоши и да добива мачнини  на бродот во кој се возела на сред Артичкиот океан. Капетанот на бродот Ocean Countess ги повикал спасувачите од Норвешка. Тие дошле со чамци да ја земат жената и да ја однесат на копно, но во текот на превземањето од бродот на чамецот таа им испаднала и паднала во ледената вода. Отако жената паднала тие ја спасувале цели 5 минути, а температурата на водата била -3 степени целзиусови. “Додека спасувачите ја префрлаа жената во чамецот, бродот беше се уште во движење. Шестмина мажи ја носеа носилката, но сепак ја испуштија жената. Беше  многу драматично да ја гледам како паѓа во водата, мислев дека ќе ја загубам“, изјавил сопругот на настраданата George Richardson (78). Жената сега е во болница и лекарите се борат да и го спасат животот, пишува Daily mail.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *