Светот бира најлоши компании

30 јануари, 20110
major-company-recession-logos-lg-ford-renault-citi1

Корисниците на интернет имаа можност до вчера да гласаат за најлоша светска компанија за изминатата година од шест номинирани на сајтот Publiceyes.ch. Наградата “Public Eye Award“ (Окото на јавноста) ќе биде доделена денеска на прес конференција во хотелот “Монтана” во Давос, објави во своето електронско издание францускиот весник “Монд”, пренесува Нетпрес. Наградата, основана во 2000 година од невладините организации “Декларацијата од Берн” и “Про Натура” (заменета од “Гринпис” во 2009 година), се доделува на компании кои ја занемариле животната средина и човековите права. На ѕидот на срамот оваа година се британскиот нафтен гигант Би Пи (ВР) поради еколошката катастрофа во Мексиканскиот залив, потоа АнглоГолд Ашанти, обвинета за труење во Гвинејски Залив во близина на Гана и лош однос кон вработените. Меѓу номинираните се и швајцарскиот енергетски дистрибутер Акспо, кој обезбедува ураниум во рускиот комплекс Мајак, тајванското претпријатија Фокскон за своите 18 вработени, кои поради неподносливите услови за работа биле доведени до самоубиство. Листата се дополнува со финската компанија Неста оил, чиј “зелен дизел” е одговорен за сечењето на огромни шумски површини во Југоисточна Азија и производителот на цигари Филип Морис, бидејќи презел акција во Уругвај за заобиколување на законот против пушењето.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *