Видео: Како монструмот од Норвешка го најави својот “поход“ на You Tube!

24 јули, 20110
naslovna

Облечен во костум за нуркање и држејќи автоматска пушка, Бреивик својот масакр го најавил на YouTube неколку часа пред експлозијата.

Норвешка е завиена во црно, откако се случија две трагедии. Уапсениот 32 годишниот монструм Андред Бехринг Бреивик, за време на испрашувањето од полицијата признал дека пукал на младите и дека ја  поставил бомбата во Осло. Неговиот адвокат за јавноста изјавил дека неговиот клиент ја признал одговорноста.

“Тој знае дека неговите постапки беа сурови, но во неговата глава биле силно потребни“, изјавил адвокатот. Тој додал и дека Бреивик недела дена пред крвавиот напад зимал стероиди, ефедрин, кафетин и аспирин за да ја зголемел својата издржливост.

Својот монструозен напад, тој го најавил неколку часа предходно на YouTube во 12 минутен краток филм. На снимката која покасно е отстранета, тој бил облечен во костим за нуркање и во рацете држел автоматска пушка. Тој вели дека својот напад го смислувал цели 80 дена, а самата идеја му дошла пред девет години.

Полицијата го пронашла неговиот манифест, како и страници од дневникот, во кој тој опишува како дошол до оваа сурова идеја, која почнал да ја разработува од 2009 година. Во дел од страниците тој напишал како почнал да се занимава со рударство и земјоделство за да се подготви за нападот, и навел детали за неговата исламофобија.

http://www.youtube.com/watch?v=rAwp2FnRmsE&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *