Високи потпетици? – Не, благодарам…

22 август, 20110
shtikli

Елегантни, ги издолжуваат нозете, привлекуваат погледи, но да не заборавиме дека ги скратуваат мускулите на нозете, создаваат јаки болки и уште многу други нус ефекти.

Носењето на кондори со високи потпетици треба да биде пред се умерено и претпазливо. Всушност високите потпетици ни даваат посебна елеганција, но мораме да знаеме и како ни наштетуваат.

Кури-око

Тесни чевли кои имаат високи потпетици нечесто создаваат јака болка и израстоци во медицината познати како кури-око.

Ги скратуваат листовите на ногата и Ахиловите тетиви

 

Високите потпетици го скратуваат лисниот мускул на нозете. Имено мускулот е принуден да се прилагоди на неправилната природна положба. Долгорочното носење на високи потпетици изискува скратување и набивање на ножните мускули.

Правилото гласи: што повисоки потпетици толку Ахиловата тетива станува пократка. Тоа ќе придонесе за создавање на така наречена болна пета, затоа што предниот дел на стапалото се движи спрема доле, за разлика од петата која ја повлекува Ахиловата тетива.

Лошо држење на телото

Држењето на телото при носење на високи потпетици е крајно тешко и често се споредува со вештина која мора да се научи. Високите потпетици нашата тежина ја буткаат спрема напред, а во исто време нашите колкови и карлица се во неприродна положба. Ваквата положба придонесува за зголемени болки во долниот дел на грбот.

Грбави колена

Носењето на високите потпетици врши огромен притисок на внатрешниот дел на коленото, коленото е во неприродна позиција, а тоа придонесува со текот на времето коленото да стане грбаво.

Лоша рамнотежа

На високи потпетици шансите да паднете, а со тоа и да се повредите се сведени на максимум.

Метатарсалгија

Високите потпетици придонесуваат природниот тек на течностите во организмот да се распоредат на неприроден начин. Во одредени делови на ногата па и во горниот дел на телото најчесто грбот нема доволен проток на течности и тоа придонесува за создавање на таканаречена Metatarsalgia.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi