popara27 јуни, 20111min00
220px-Vito_Genovese_NYWTS copy

Кога зборуваме за италијанската мафија, не можеме, а да не го споменеме славниот Вито Џеновезе, уште попознат како Дон Вито. Тој е роден на 27 ноември 1897 година во малечкото место Туфино во Неапол, Италија. Во Америка емигрирал на 15 годишна возраст, со неговиот татко Феличе, неговата мајка Нунцијата и неговите двајца браќа Мајкл познат како “Mike the Pipe” и Кармин Џеновезе, кои подоцна станале дел од неговата мафија.

Иако на почетокот живеел во Квинс со неговите родители, Џенове се преселил во Little Italy и станал навистина поблематичен тинејџер. Прв пат бил уапсен во 1917 година за нелегално поседување на оружје и поминал 2 месеци во затвор. Во раните 1920-ти години на минатиот век, Вито Џеновезе навлегол во италијанската мафија, работејќи за њујоршкиот мафијаш Џо “The Boss” Масириа. Уште како дете, Вито Џеновезе се спријателил со Лаки Лучијано, пријателство кое траело 40 години, се до смртта на Лучијано. Сепак и покрај нивното пријателство, Лучијано никогаш целосно не му верувал на Џеновезе.

Вито Џеновезе бил навистина склон кон насилство, причина заради која њујоршкиот мафијаш Џо “The Boss” Масирија особено го почитувал. Неговата жед за насилство ја потврдува и неговата жена Ана Вернотико, која изјавила дека нејзиниот прв сопруг бил пронајден мртов две недели откако Вито Џеновезе се заљубил во неа. По оваа изјава сите очекувале дека Дон Вито ќе даде наредба за нејзина егзекуција, меѓутоа тој неможел да го стори тоа, како што подоцна му признал на својот пријател Џо Валачи.

Во раните 1930-ти години на минатиот век, Џеновезе станал богат човек и ја контролирал италијанската лотарија, а своето богатство го користел за да купи ноќни клубови низ Гринич Вилиџ.

Се верува дека токму Вито Џеновезе го застрелал Гаетано Реина, што довело до познатата Castellammarese војна. Во април 1931 година, во најкрвавиот дел од војната, Лаки Лучијано го нарачал убиството на Џо Масирија, а Вито Џеновезе, заедно со Багзи Сигел, Алберт Анастасија и Џо Адонис биле извршителите на убиството на нивниот поранешен шеф. Откако го нарачал убиството на Салваторе Маранцано, кое исто така го извршил Вито Џеновезе, Лаки Лучијано станал главен на италијанската мафија во земјата, а ја основал и своја мафијашка фамилија и го поставил Вито Џеновезе за втор човек.

Џеновезе станал државјанин на САД на 25 ноември 1936 година. Истата година Лаку Лучијано се соочил со затворска казна, па Вито Џеновезе станал „кум“ на негово место. Набрзо потоа, и тој бил осуден за убиството на Фердинанд Бочија кое го извршил во 1934 година, па ги напуштил САД и пребегал во гратчето Нола кое се наоѓа во близина на Неапол. Со себе понел 750 000 долари во кеш, а исто така купил куќа за својата сопруга во Њу Џерси, на која и оставил пари и личен телохранител.

Вито Џеновезе просперирал како мафијаш и во Италија. Се спријателил со Бенито Мусолини кој му доделил највисок медал наменет за цивили. Во Неапол, по сојузничката инвазија во 1944, Џеновезе бил назначен на позиција на толкувач/офицер за врски во седиштето на американската армија и набрзо станал еден од најдоверливите работници. Тоа било навистина голем пресврт затоа што само една година пред тоа Џеновезе, како услуга за Мусолини, го убил Карло Треска, уредник на њујоршки антифашистички весник на италијански јазик.

Во исто време додека му помагал на Мусолини, Џеновезе раководел и со „пазарот на црно“ во соработка со Калогеро Визини, моќен мафијаш од Сицилија. На 27 август 1944, воената полиција на Италија спровела операција против мафијашите кои биле вмешани во трговијата со наркотици и го уапсила Џеновезе. Иако агент на американската армија открил дека Џеновезе е баран криминалец во бегство, сепак таа информација не наишла на интерес кај американската влада. По неколку макотрпни месеци, агентот успеал да го екстрадира Џеновезе во САД. Иако му било понудено 250.000 долари мито за да го прекине процесот, а тој заработувал само 200 долари месечно, сепак агентот ги одбил понудените пари, а не потклекнал ниту пред притисокот од високи чиновници на американската војска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag