Во Ерменија пронајдена винарија стара 6100 години

slobodan11 јануари, 20111min00
onsite

Археолозите веруваат дека во античка Ерменија се произведувало вино во поголеми количини отколку во тогашна Грција. Професорски тим од Универзитетот од Калифорнија ја откри во ридовите на Ерменија до сега најстарата винарска визба на светот. На планинската област позната како арена-1 истражувачите откриле преси за грозје, садови за ферментација и траги од грозје старо 6100 години. Според научниците, ова бил првото производство на вино, а не како што се веруваше досега дека тоа потекнувало од Грција. Ископувањата продолжуваат. Во истата област каде што е пронајдена најстарата винарска визба во светот, најдени се и најстарите кожени чевли, чија старост е проценета на 5500 години. Сето ова укажува на тоа дека во демнешна Ерменија во античките времиња била развиена цивилизација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma