Во Гватемала луѓе бараат накит во „реката на ѓубрето“!

7 ноември, 20110
1

Секој ден стотици луѓе одат крај „реката на ѓубрето“ во Гватемала за да бараат злато и накит.

Мажите носат лопати и ранци, појадок и облека за пресоблекување. Ја оставаат чистата гардероба на страна и така започнува нивната потрага по богатство.

„Заработувам повеќе пари тука отколку да одам и да работам во некоја компанија каде би ме малтретирале или пцуеле“, изјавил 41 годишниот Еди Миранда.

Копајќи по ѓубрето, тој дневно може да заработи и 20 долари. Еден ден среќата многу го послужила.

„Пронајдов белегзија од девет грама злато и за неа добив 256 долари. Тоа можеби не изгледа дека се многу пари, но во овој дел од Централна Америка е повеќе од месечната заработка“, додал тој.

Постојано на местото се шират непријатни мириси, а постои голема опасност од колапс на акумулираното ѓубре и дождовите да го подигнат нивото на водата, но за десетици луѓе нема страв, тие постојано работат.

Собирањето ѓубре кое го има забрането владата може да биде многу опасно, особено кога е сезона на бури. Работниците кажале дека многу луѓе умреле обидувајќи се да го соберат ѓубрето додека водата од клисурата беснее. Десетина работници погинале во еден ден во 2008 година.

Дури и ако не најдат накит, многумина се задоволни, бидејќи наоѓаат предмети кои се рециклираат, па од нив заработуваат.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi