Е ова е автомобил! Не се расипал 107 години! :)

31 август, 20110
107 godini star avtomobil

Британецот Брајан Кејсли, 65, е горд сопственик на најстариот автмобил во Велика Британија, 107 години стариот „Wolseley 6“, кој се уште функционира беспрекорно, пишува Daily Mail.

Брајан овој автомобил го купил во 2004 година од свој пријател кој бил колекционер на олд тајмери и стари автомобили, а во интервјуто додал дека редовно го вози за да остане во форма.

„Супер вози и премногу сум задоволен од него. Горд сум и често го покажувам низ градот“.

Не е познато колку километри има поминато досега автомобилот, бидејќи во времето кога е направен не постоеле бројчаници кои ја мерат километражата. Она што е особено интересно е дека на него се наоѓаат оригиналните регистарски таблички.

Неверојатниот автомобил троши четри литри бензин на 60 километри, а најголемата брзина која ја развива е 45 километри на час, а сопственикот истакнал дека досега се нема расипано.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *