Лего коцките стигнаа на Јупитер :) Кучиња и мачки ќе ги заменат – играчки :)

7 август, 20110
jupiterlego1

Онаму каде што човековата нога не зачекорила, заминаа мали Леговци. Сондата Џуно нема екипаж, барем не луѓе, но во истражување на планетата Јупитер заминаа римскиот бог Јупитер, неговата жена Јунона и Галилео Галилеј, кои беа изработено од „Лего“.

Сондата на НАСА, Џуно која во петокот полета за Јупитер, сепак има свој екипаж. Во истражувањето на најголемата планета во СОнчевиот Систем заминаа леговци. Научниците од НАСА сметале дека ќе биде „кул“ да се испратат играчки во истражувачката мисија, па затоа го контактирале данскиот Лего .

Трите Лего фигури кои полетаа за Јупитер

Планот се држел во тајност се до полетување на сондата. Во меѓувреме од Лего биле изработени три фигури од специјални цврсти блокови од алуминиум. За изработка на овие играчки Лего потрошил повеќе од 1000 евра.

Оваа мисија инаку ќе чини дури една милијарда долари, а на својот пат Џуно ќе дојде во поларната орбита на Јупитер, за да се истражи составот, гравитациското поле и магнетното поле на планетата. До Јупитер леталото треба да стигне до 2016 година во чија орбита треба да се задржи година дена.

Сондата Џуно која полета за Јупитер

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi