Во која држава жените се најнесреќни?

24 август, 20110
Unhappy woman

Анкетата, во која се вклучени повеќе од 4.000 жени од пет најголеми земји покажа дека 76% од испитаниците од Италија не се задоволни со своите животи, во споредба со 51% од жените од Велика Британија, 53% од жените од Германија, 63% од оние кои живеат во Франција и 63% на поубавиот пол кои живеат во Шпанија.

Италијанските жени се најмногу погодени од загриженоста во врска со економската криза, неможноста да се вратат на пазарот на трудот по бременоста и исчезнувањето на центрите за здравствена заштита на деца.

Истражувањето, кое го спроведе организацијата “Жени и квалитетот на животот” покажува дека италијанските жени во голем број се каат по влегување во брак, а речиси две третини жалат за бременоста.

Мачо културата присутна во Италија, ги принудува жените да поминуваат повеќе време грижејќи се за куќата и децата, за разлика од повеќето жени во која било друга земја.

Резултатите исто така покажа дека 70% од мажите во Италија никогаш не ја користат рерната, додека скоро 95% од мачо мажите никогаш не испразниле машина за перење.

Италија е рангирана 74 место на листата на земји каде што постои јаз помеѓу половите презентирани од страна на Светскиот економски форум, што ја става дури и зад квалитетот на животот во Казахстан кога станува збор за жените.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *