Земјата во 2012 година ќе има две сонца!?

20 јануари, 20110
sun

Земјата следната година би можела да добие и второ сонце. Една од најсјајните ѕвезди на небото ноќе над нас забрзано губи маса и наскоро би можела да станe супернова.
Сценариотo по кое би требало тоа да се случи, за австралискиот портал Њуз.ком.ау го открива доктор Брад Картер. Се работи за ѕвездата Бетелгес, црвен џин, што нагло губи маса, а тоа е индикатор дека таа ѕвезда умира. Тоа понатаму би значело дека останува без гориво и дека во секој момент може да стане супернова. Кога тоа ќе се случи, истакнува Картер, најмалку неколку недели потоа ќе видиме и второ “сонце“ на небото. Истовремено, можно е во истиот временски период да нема ноќ поради суперновата и големата количина на светлина, вели Картер и додава дека тоа би можело да се случи веќе следната година. Експлозијата на Бетелгес би можела зад себе да остави неутронска ѕвезда или дури црна дупка на 1.300 светлосни години од Земјата, пишува австралискиот портал. Картер, меѓутоа ги предупредува заговарачите на апокалипса дека не треба да избрзуваат со предвидувања за пропаст на светот, бидејќи Земјата во случај на супернова ќе биде само испрскана со безопасни честички, но дека Земјата ќе има корист од тоа. “Дождот од неутрини би можел да биде корисен за Земјата. Неутрините всушност произведуваат злато, сребро и сите тешки елементи како ураниум“, нагласува Картер.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *