Оскари 2011 – досадна церемонија и очекуван расплет

28 февруари, 20110
oskari2011

Традиционалните доделувања на Оскар наградите за филмските достигнувања, кои секоја година го собира кремот на Холивуд во Кодак театарот во Лос Анџелес годинава беа прилично досадни, а добитниците на наградите очекувани. Младиот водителски пар Ен Хатавеј и Џејмс Франко не ја донесе свежината која сите посакуваа да ја видат. Церемонијата која сите во Холивуд ја чекаат од година во година, беше прилично досадна, а водителите некреативни и ужасно сеснајдоа во улогата која им беше доделена. Единствено изненадување беа појавувањето на Кирк Даглас и еден од најдобрите водители на оваа церемонија Били Кристал. Повторно никакви изненадувања кога станува збор за наградите, особено во категориите за најдобри глумци. Натали Портман која важеше за фаворит си замина со оскарот, иако сите веруваа дека оваа награда ќе отиде кај Анет Бенинг. Наградата за најдобар глумец, очекувано отиде во рацете на симпатичниот британец Колин Фирт, иако беше во конкуренција со подеднакво добри глумци како Хавиер Бардем и Џеф Бриџис. “Говорот на кралот” освои четри статуетки, меѓу кои за најдобра режија, најдобро сценарио и најдобар филм на годината, кој беше во режија на Том Хупер. Филмот на Кристофер Нолан, “Зачеток” ги освои техничките награди како звучна монтажа и визуелни ефекти. Статуетките за најдобри споредни улоги ги освоија Мелиса Лео и Кристијан Бејл. Филмот “Социјална мрежа” осови три оскари, а за најдобар анимиран филм беше избран “Приказната за играчките 3”.

http://www.youtube.com/watch?v=1MCrtCbS2Xs

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *