Бејби бум во Холивуд?

24 август, 20110
4c35cf_ltpaffleck20110822

Како што изгледаат работите, холивудските двојки изгледа се фатиле за работа. По веста дека Бенисио дел Торо стана татко, денеска ви соопштуваме дека принова чекаат и познатите актери Бен Афлек и Џенифер Гарнер.
Таблоидите ја ширеа приказната дека „пукнала тиквата“ помеѓу Бен и Џенифер, па актерите побрзаа да го докажат спротивното, а како подобро отколку да „склепаат“ уште едно детенце.

Познатиот холивудски пар Џенифер Гарнер и Бен Афлек веќе имаат две ќерки, Виолет (5) и Серафин (2) и се воодушевени што очекуваат ново бебе.

Актерите Гарнер и Афлек, двајцата имаат по 39 години, во својот шест годишен брак си се голема поддршка еден на друг во воспитувањето на децата. По раѓањето на малата  Серафин, Гарнер рече дека поради жонглирање меѓу својата актерска професија и родителство станала раздвоена личност.

“Имам чувство дека половина од мојот мозок секогаш е на друго место, но кога камерата снима успевам да соберам на две минути”, изјавила Гарнер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi