“Мртвата Ејми Вајнхаус” го покори Google

24 август, 20110
amy_winehouse_23

Терминот “Ејми Вајнхаус мртва” беше еден најбараните изрази на Google ова лето.

Ова лето беше означено од страна на многу нешта, но веста за трагичната смрт на младата пејачка е поим кој го покори Google – во толкава мера што пребарувањето на поимот со “Google + ” го урна новиот сервис лансиран од страна на компанијата која стои зад соодветниот пребарувач.

По Ејми е и новиот “Хари Потер” и пребарување на веста за смртта на Рајан Дан, актерот од “Jackass”.

Покрај Ејми Вајнхаус, само едно музичко име успеа да се пробие во десетте најбарани на Google, а тоа е Шерил Кол, која според бројот на пребарувања го заслужува деветтото место.

Она што е интересно е дека сеуште нема официјална потврда за причината за смртта на Ејми Вајнхаус, а со оглед на тоа дека од обдукцијата не се добија задоволителни одговори, пребарувањето продолжува, а нови вести се очекуваат на есен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *