Наташа Беквалац „спаси глава“ од ќотек… Се појави девојката на албанскиот бизнисмен!!!

24 август, 20110
Natasa-Bekvalac-2

Врската на Наташа Беквалац и албанскиот бизнисмен Феликс деновиве е топ тема за разговор. Ситуацијата уште повеќе се вжешти, особено откако излегоа гласини дека во ресторанот во кој вечерале се појавила девојката на Феликс и направила љубоморна сцена.

Наташа успеала да се спаси, бидејќи обезбедувањето ја избркало љубоморната девојка. И, како ништо да не се случило, таа и Феликс продолжиле да уживаат во романтичната вечера.

Ната и Феликс се запознаа на концертот на Дејвид Гета во Хрватска, а „дружбата“ ја продолжија во Црна Гора. Семејството на популарната пејачка е загрижено за гласините за нејзината романса, но Наташа досега не сака да даде никаков коментар. Аман бре Нато, како тргна уште малку и на Џери Спрингер Шоу ќе те има!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *