Зголемено ниво на радијација во бугарската нуклеарка “Козлодој“

28 април, 20110
zx500y290_979477
Во бугарската нуклеарна електрана “ Козлодој“ вчера привремено бил затворен петтиот реактор, бидејќи инженерите измериле зголемено ниво на радијација, пишува “Танјуг“, пренесува НетПрес.
Зголеменото ниво на радиоактивниот гас “ксенон“ е пронајден вчера утрото, но ситуацијата била ставена под контрола во текот на денот. Реакторот е затворен за да се спречи евентуално испуштање на радиоактивни честички.
“Козлодој“ е единствената нуклеарна електрана во Бугарија. Четири реактори, од вкупно шест, се затворени во 2007 година од безбедносни причини на барање на Европската Унија.
Во функција останале двата најмодерни реактори , стари 37 години, кои се изградени во 1987 и 1991 година, а модернизирани се десет години подоцна.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *