Жената која живее со 700 мачки, тврди дека не е „луда по мачки“ (видео)

2 август, 20110
machki

Линеа Латанце од Калифорнија, САД, го води најголемото засолниште за мачки и во моментов живее со преку 700 мачки, пренесува „Дејли Мејл“.

Госпоѓа Латанцо на која мајка и не и дозволувала да има мачка додека растела, почнала да спасува мачки од целиот свет после разводот 1981 год., а се проценува дека за две децении спасила околу 19.000 науштени мачки.

Нејзиниот дом „Cat House“ нема кафези за животни и има за цел да вдоми напуштени галеничиња и да спречи пренаселеност по пат на стерилизација и кастрација, а опстанува по пат на донации.

„Да сум мачка, ќе бев овде. Можеби немаат вистински дом, но барем имаат живот“ вели Линеа, која во моментов се грижи за преку 700 мачки и 15 кучиња и инсистира на тоа дека не е „луда по мачки“.

„Повеќе би ги избрала зборовите како ексцентрик или мазохист. Тоа е иста работа, само поубаво кажана“ изјавува таа за „New York Post“.

Приказната за Линеа е емитувана на каналот „National Geographic“ под наслов „Lady with 700  cats“.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit