Жените се изјаснија – подобро „младо крцкалче“ отколку „старо дртало“ :)))

2 ноември, 20110
mladi stari

Не се само мажите оние кои сакаат млади „крцкалчиња“. Според последните анкети, дури 35% од жените помеѓу 35 – 70 години имале врска со маж кој бил 10 години помлад. Па, како да се однесувате доколку вашиот партнер е помлад од вас???

Никако не ги кријте годините од него. Тој заслужува да знае колку точно години имате, бидејќи искреноста е најважна во секоја врска.

Не прашувајте го дали му пречи тоа што сте постара. Тој веќе прифатил да биде во врска со вас, па очигледно не му пречи вашата возраст.

Водете грижа за својот изглед, но немојте да претерувате во тоа. Тој е со вас затоа што му се допаѓате. Не се трудете да изгледате помлади отколку што сте.

Опуштете се и уживајте во својата среќа. Никако немој да се срамите од фактот дека тој е помлад, бидејќи верувајте дека сите ви завидуваат.

Бидете флексибилни и изненадете го. На пример, предложете му да одите во диско, па така тој ќе види дека имате млад дух.

Не бидете љубоморни на помлади девојки, затоа што секоја возраст има своја убавина, а и тој ве избрал вас затоа што му одговарате.

И на крај, уживајте во врската со млад партнер затоа што тој ќе направи да се чувствувате многу поженствено и посекси. И гордо покажете го вашиот партнер пред јавноста!!!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş