24 февруари, 2020

Радио

Добри вести за љубителите на чај. Знаеме сите за потребното количество вода кое треба да го внесуваме секојдневно, само што сега ќе можеме неколкуте чаши вода да ги замениме со чај. Една нова студија, покажала дека  и покрај фактот дека чајот содржи коефеин, 4 до 6 чаши на ден ќе ве освежат исто како и водата, без негативни здравствени ефекти. Студијата ја спроведе Tea Advisory Panel, а беше објавена во Британскиот весник за нутриционизам. На волонтерите кои учествувале во студијата им било давано по четри чаши чај (со полумасно млеко, но без шеќер), во текот на 12 часа и исто толку вода. Во текот на истражувањето волонтерите не смееле да пијат други пијалоци со кофеин и алкохол  и да вежбаат. Примероците од крвта не покажале значајна разлика во хидратацијата помеѓу оние кои пиеле чај и оние кои пиеле вода.

Остави коментар

Почетна // живот // Исхрана // Чајот ве освежува исто како и водата
Горе