24 февруари, 2020

Радио

За да го доведете телото во посакуваната форма не треба да се изгладнувате. Потребно е само да знаете која храна ќе ви помогне во слабеењето. Во продолжение ви ја претставуваме храната која ќе направи да се чувствувате сити, а воедно и да ја намалите телесната тежина.

Бадеми. Бадемите нека бидат алтернатива за чипс. Тие имаат малку калории а исто така успешно го одржуваат посакуваното ниво на шеќер во крвта.

Јаболки и круши. Истражувањата покажуваат дека само со една јаболка на ден, се спречува таложењето на маснотиите. Исто така и крушите содржат голема количина на влакна, кои даваат долготрајно чувство на ситост.

Грав. Луѓето кои јадат грав обезбедуваат тенка половина. Гравот содржи многу растворливи и нерастворливи влакна, протеини и јаглехидрати, скроб кои се отпорни на масните наслаги и го спречуваат нивното таложење.

Карфиол. Тоа е зеленчукот кој изобилува со витамин Ц. Освен тоа што карфиолот е незаменлив во борбата со ракот, тој исто така има голема улога во диетите. Дава чувство на ситост, нема многу калории и доколку јадете по една порција карфиол на ден, нема да чувствувате потреба од внесување на преголема количина на храна.

Кафе. Кафето го забрзува метаболизмот за 15%, а ефектот трае четири часа по пиењето.

Пармезан и козјо сирење. Освен тоа што имаат малку калории, тие помагаат за формирање на мускллната маса.

Лук. Освен што го подобрува вкусот на храната исто така го спречува таложењето на маснотии, кое резултира со дебелеење.

Леќа. Како и гравот и леќата го има истиот ефект во спречувањето на таложење на маснотиите.

Јогурт. Комбинацијата од јаглехидрати, протеини, масти обезбедува ситост и оптимална количина на шеќер во крвта. Оние кои редовно пијат јогурт може да изгубат 61% од маснотиите.

Риба. Освен што е одлична за здравјето на срцето, ги топи маснотиите особено во пределот на стомакот.

Јајца. Едно истражување потврди дека жените кои јадат јајца за доручек двапати побрзо ги симнуваат вишокот килограми.

 

Остави коментар

Почетна // живот // Исхрана // Храна од која се слабее
Горе