Јадете лубеница и слабејте здраво

25 јуни, 20110
lubenica5

Лубеницата е одлична за губење на тежината, бидејќи содржи 90% вода, а богати се и со витамини и минерали. Диетата со лубеница го чисти вашето тело и ќе ви помогне да се ослободите од вишокот колограми.

Покрај калиум, битамин А,Ц и Б6, лубеницата содржи ликопен, за кој научниците докажале дека е надобар антиоксиданс.

Оваа диета се држи пет дена , а потоа мора да правите пауза од една недела. Секој ден пијте 12 чаши вода, чај или свежо цеден сок.

1 ден

Доручекот е ист секое утро: парче лубеница, 1 парче двопек, чаша чај.

Ручек: 100гр барено говедско месо, 100гр варен ориз со сос од домати, парче лубеница.

Вечера: 50гр сирење, 1парче двопек, а лубеница по желба.

2 ден

Ручек: 1 парче двопек, 50гр варено пилешко месо, 1 парче лубеница.

Вечера: 100гр варена или печена риба, 1 парче двопек, 1 парче лубеница.

3 ден

Ручек: 30гршпачетисо сирење и домати, лубеница по желба.

Вечера: мешана салата од домати, краставици, пиперки, кромид, марула, 1 парче лубеница.

4 ден

Ручек: супа од зеленчук, 1 парче двопек, 50гр варено пилешко месо, 1 парче лубеница.

Вечера: 2 варени компири со пармезан, лубеница по желба.

5 ден

Ручек: 50гр варено говедско месо со печурки, лубеница по желба.

Вечера: 50гр сирење, 2 парчиња двопек, лубеница по желба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *