Утринска диета со банани

20 октомври, 20110
Bananas

Оваа диета, која најголем замав зема во Јапонија, се смета за најбрза и најефикасна диета за слабеење. Утринската диета со банани ја разви Хитоши Ватанабе, јапонски доктор по превентивна медицина.

Утринската диета со банани е едноставен план за слабеење. Според упатството на оваа диета, за појадок секогаш јадете банани и пиете вода на собна температура. За ручек, вечера и ужина може да јадете што сакате, но последниот оброк од денот треба да ви биде пред осум часот навечер.

Забранета храна според оваа диета се млечните производи, сладоледот и алкохолот. Исто така забрането е конзумирање на десерт после вечерата. Со оброците е дозволено да се пие само вода, исто така на собна температура. За попладневна ужина дозволено е конзумирање на една слатка или ред чоколадо.

Она што ја прави оваа диета привлечна е фактот дека вежбањето не е ставено во преден план. На оние кои ќе решат да ја држат оваа диета им се советува да вежбаат само доколку сакаат, но и самите вежби не треба да му бидат стрес на организмот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi