Запознајте го зеленчукот со најмалку калории

21 април, 20110
zelencuk

Зеленчукот е одличен сојузник во борба против вишокот на тежина, но и во напорите за добро здравје. Направивме листа на здрав зеленчук кој има најмалку калории и може да го јадете во неограничени количини кога чувствувате глад.

Карфиол. Карфиолот не содржи маснотии и многу малку јаглехидрати, а со тоа и многу малку калории. Поточно во 100 гр свеж карфиол има само 25 калории. Препорачана доза на карфиол е три пати во неделата.

Брокула. Освен што таа е многу здрава и може да спречи појава на многу болести брокулата содржи многу малку калории. Во 100 гр брокула има 34 калории. Може да се подготви на многу начини, но најздраво е кога таа се подготвува на пареа.

Аспарагус. Тој може да се пофали со голема енергетска вредност, а многу малку калории. Во 100 гр има само 20 калории. Богат е со витамини и минерали . Тој има магични својства во проблемите со варењето на храната.

Кељ. Овој зеленчук е идеален за губење на телесната тежина. Богат е со витамин Ц, железо, магнезиум.

Блитва. Оваа храна е идеална за оние кои сакаат да ги загубат вишокот на килограми. Брзо сазитува а има само 20 калории во 100 гр. Најздрава е кога се јаде варена, а е одличен прилог на рибата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi