Ако работата ви е далку од дома, ќе имате лош брак

4 јуни, 20110
divorce2

Од многуте причини кои влијаат на квалитетот на брачните односи, шведските истражувачи дојдоа уште до еден, кој никогаш не ви паднал на памет.

Се испоставил дека, растојанието кое секој ден морате да го поминете за да стигнете до работното место, до одреден степен, одредува каков ќе биде вашиот брак.

Ако еден од партнерите, најчесто мажите, потроши 45 минути на патот од работа до домот, ќе стигне премногу уморен дома и нема да има волја, ни мотивација да направи било што или да помогне низ домашните обврски. Така се доаѓа до конфликти,  расправии, па дури и до разводи.

Шведските експерти анализирале одредени информации и податоци, а дошле до заклучок дека преголемата одалеченост или честото загалвување во сообраќајниот метеж, создава дури 40% поголема веројатност за развод, а ризикот е најголем во првите неколку години од бракот.

Овие последици, лидерот на студијата и истражувањето, ги објаснува со фактот дека во семејствата во кои мажот работи далеку од домот, жената често е приморана да работи помалку квалитетна работа. На овој начин, таа е поблиску до домот, заработува помалку пари, а има поголеми обврски и одговорности за домот и децата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *