Четири најчести прашања за оргазмот

8 ноември, 20110
orgazam

Оргазмот не е тема за која луѓето лесно зборуваат, особено кога станува збор за женскиот пол. Затоа се обидовме да ви дадеме одговор на четирите најпоставувани прашања за оргазмот кои ќе ви помогнат да разрешите многу дилеми:

Прво прашање: Што можам да направам за да доживеам оргазам?
Откријте магијата на мастурбацијата. Пракса, пракса и само пракса! Подоцна, споделете го со вашиот партнер она што сте го научиле. Знаете како велат – прво мора да научите да свирите на вашиот инструмент пред да се приклучите на оркестарот! Најважно е да запаметите дека ваша цел е да доживеете оргазам: истражувајте го вашето тело и откријте што ви се допаѓа, затоа што секоја жена различно реагира на различен вид на стимулација. Купете вибратор и прирачник за секс кој ќе ви помогне да дознаете повеќе работи околу сексот. Опуштете се, запалете мирисливи свеќи и пригответе топла бања, па посветете ја вечерта на откривање на различни начини да се задоволите.

Второ прашање: Понекогаш успевам да постигнам оргазам, понекогаш не. Зошто е тоа така?
Не постојат строго дефинирани причини, но голем број на девојки не доживуваат оргазам секогаш додека водат љубов. Расположението, хормоналните промени и стресот имаат големо влијание врз способноста да се постигне оргазам, затоа што се мешаат во функционирањето на невротрансмитерите (хемиските “носители” на информации). Постојат повеќе од 50 невротрансмитери во телото и сосема е можно дека моменталната емоционална состојба може да влијае врз нивното функционирање и на тој начин да ве спречи да доживеете оргазам. Во такви ситуации, важно е да не се вознемирувате.  Одморете се, продолжете да се „галите“ со партнерот, па повторно обидете се.

Трето прашање: Зошто ми е тешко да доживеам оргазам со мојот партнер!

Многу жени немаат проблем да доживеат оргазам кога мастурбираат, но кога станува збор за секс со нивниот партнер приказната е сосема поинаква. Причината за ова може да биде срамежливост и стегнатост, како и несподелувањето на информации за тоа што ве возбудува. Не паничете, не станува збор за вистински проблем, затоа што е очигледно со вас се е во ред. Единственото нешто што недостасува е поголема доверба и отворена дискусија на тема секс. Најдобар начин за решавање на оваа ситуација со само е да му кажете на партнерот како се чувствувате, што само ќе ја направи вашата врска поинтимна. Добар совет е заедничка мастурбација. Иако изгледа чудно и невообичено, заедничкото мастурбирање е одличен начин за меѓусебно спознавање на она што ве возбудува и двајцата.

Четврто прашање: Одглумив оргазам и незнам како да му кажам на партнерот?
Никое машко не сака да слушне дека неговата девојка глуми оргазам. Сепак, мора да му кажете како се лувствувате доколку сакате а го подобрите заедничкиот живот. Објаснете му дека понекогаш ви е тешко да доживеете оргазам, и не се срамете да му кажете што е она што ве возбудува. Кажете му дека сте одглумиле за да не го повредите, но дека сакате да промените некои работи за тоа повторно да не се случи. Важно е вашиот разговор да биде позитивен, а не насочен кон критикување на партнерот. Така тој нема да ви се налути и ќе се потруди следниот пат вистински да ве задоволи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi