Четри лекции од секс терапевтите

16 јануари, 20110
date-snob-large-new-92584426

Пред него ли што паднете во очај заради тоа што вашиот сексуален живот со партнерот оди во надолна линија, имајте на ум дека постојат решенија. Сексуалните терапевти издвоиле четри решенија за речиси сите проблеми кои ги мачат долгорочните емотивни врски.
1. Причината за сексуалните проблеми лежи во двајцата партнери
Многу луѓе одат кај сексуалните терапевти и си препишуваат себе или пак на партнерот грешки и проблеми кои сакаат да се отстранат. Меѓутоа за во кревет сепак се потребни двајца, така да кога нешто нечини во водењето љубов тоа сепак е до двајцата партнери.
2. Повеќе добиваме кога даваме, отколку кога примаме
Тоа не е фраза, туку е реалност, и затоа целата снага треба да е насочена кон опуштање на телото и умот. Кога сме целосно отворени, можеме повеќе да чуствуваме и примаме сексуална енергија. Исто така кога повеќе му даваме на партнерот задоволства, тој ќе биде мотивиран и ќе сака да врати со иста мера.
3. Промената во секусалниот живот, мое да го промени вашиот однос во целост
Луѓето живеат во убедувањето дека одржувањето константа во сексуалниот однос е пожелно, додека секоја промена потполно се исклучува или пак се смета за негативна. Но вистината е дека нашите тела се менуваат со текот на времето и дека секој ден се повеќе созреваме емоцоионално, а таа зрелост потоа и преминува во различни сексуални потреби. Конечен резултат на сето тоа е дека со текот на животот потребни ни се сексуални промени, и колку повеќе ги прифатиме, толку повеќе ќе бидеме задоволени.
4. Успешен интимен однос бара секој да даде повеќе, отколку што дели
Да ја направите една врска успешна е можеби најголемиот предизвик во животот. Долгорочната интимност бара голем труд и оние луѓе кои се задоволни со својот сексуален живот, обично признаваат дека нивната врска или брак се на прво место од приоритетите. Ако и двајцата од партнерите поаѓаат од оваа појдовна точка, тие имаат многу повеќе можности да си ја оживеат својата врска секојдневно. Таквиот пристап ќе им овозможи највисок квалитет во врската и најслатка љубов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi