Гледањето порно сајтови ја смалуваат желбата за секс

29 април, 20110
0629-couple-bed-rose-petals_li

Просечниот млад маж на интернетската порнографија троши по два часа неделно, додека девојките на тоа посветуваат околу 15 минути. Анкетата во која учествувале 1000 испитаници, на возраст помеѓу 18 и 24 години, покажала дека и секој четврти повремено помислува дека губи премногу време на онлајн секс содржините.

Резултатите од анкетата покажале дека гледањето на порнографски содржини на испитаниците им смета во секојдневните обврски, бидејќи на секој трети корисник кој релативно ретко ги посетува сајтовите со “ХХХ“ домените, барем еднашка им се случило да закаснат на состанок или да исполнат друга обврска, токму поради ова уживање. Но ако станува збор за лица кои на интернет порнографијата трошат десет или повеќе часа неделно, бројот на испитаници кои не ги исполнуваат секојденвните обврски значително расте, покажало истражувањето.

Исто така, секој четврти испитаник признава дека се случило поради посетите на интернет сајтовите со порнографска содржина, се помалку заинтересирани за секс со партнерот.

“Луѓето кои многу време поминуваат во гледање порнографски содржини на интернет често имаат проблеми во воспоставувањето на врска“, изјавил д-р. Хедер Вуд од Портман клиниката, пренесува Dailyexspers. Значи, лицата кои многу време трошат на порнографија, всушност помалку се забавуваат во реалниот живот, заклучил д-р. Вуд.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *