Променете некои тактики во сексуалниот живот

9 јануари, 20110
article-1195306-0578121C000005DC-470_468x286

Кај подолгите врски по извесен период се случува да дојде до монотонија во сексуалниот живот. Затоа е потребо да знаете неколку трикови кои ќе ја обноват страста и ќе го подобрат сексот. Водете љубов со целото тело. Често се случува додека водиме љубов да се фокусираме само на гениталиите но, пробајте да го направите тоа со целото тело, затоа што телото изобилува со ерогени зони. Доколку само еден од партнерите е најчесто иницијатор, нека се промени. Новиот иницијатор ќе воведе новини. Доколку добро се познавате со партнерот кажете си ги фантазиите, добро е кога знаете еден за друг што најмногу сакате и за што фантазирате. Направете промена и во визуелното доживување. Доколку досега водевте љубов со отворени очи, пробајте со затворени, врзете ги очите. Кога ќе го скратите визуелното искуство, другите сетила се засилуваат. Фокусирајте се на партнерот. Заборавете на сите грижи и проблеми. Заборавете на сите надвор од просторијата, и посветете се на партнерот. Препуштете се на неговото уживање, а така тоа ќе стане и ваше уживање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *