Кадифето – Актуелна модна тенденција за сезона Есен/Зима 2011/12
31 октомври, 20110
Кадифето секогаш било поврзувано со раскош, власт и кралски особи. Кадифето е еден од малкуте материјали, кои сами по себе изгледаат харизматично и волшебно. Низ ладната сезона дизајнерите решиле да внесат капка магија во нашето секојдневие, создавајќи од кадифе не само фустани, но и палта, сакоа, панталони, здолништа, чевли, чанти, чизми…со еден збор се од кадифе!
Кадифето вешто ги прикрива недостатоците на фигурата, го привлекува вниманието и е толку пријатно на допир…!
Да ги погледнеме актуелните креации направени од кадифе за сезонава: