Ново модно чудо, фармерки кои топат целулит

1 март, 20110
Eve Lerock anticelulitni farmerki

Модната куќа “Lerock” по минатогодишниот хит производ, градник кој ги зголемува и поткрева градите, овој пат изненади со фармерки кои ќе ви го стопат целулитот.

Откако фармерките станаа и козметички препарат тешко дека жените ќе се одвојат од нив. Причината за топењето на целулитот лежи во составот кој постепено го испуштаат фармерките. Миксот од кофеин, екстракт од див костен и витамин Е, се испушта со тек на време, а движењето на оној кој ги носи, предизвикува долго таложениот целулит да започне да се топи. При што кожата останува неверојатно мека и нежна.

Кога ќе заврши циклусот, кој инаку трае еден месец, антицелулитните фармерки може повторно да се наполнат.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *