Пијалоци за ублажување на стрес

27 јануари, 20110
health-benefits-of-tomato-juice

Гладта, тремата, стресот и паниката може да ги победите и со некои пијалоци. За секоја од овие состојби одговара природен сок кој ќе ви помогне да ги смири симптомите на истите. Гладта ќе ја ублажите со сок од домати. Помеѓу доручекот и ручекот убаво е да испиете една чаша сок од домати. Тоа ќе ве освежи, бидејќи содржи голема количина на витамини и минерали, а истовремено ќе го пополни вашиот желудник. Се препорачува овој сок да не го посолувате или да му ставате зачини, бидејќи тоа може да го иритира вашиот желудник. За смалување на трема може да ви помогне една чаша минерална вода. Со тоа устата повеќе нема да ви биде сува, крвта полесно ќе тече низ вените, а и мозокот подобро ќе функционира. Против стрес најдобро помага млекото. Бидејќи содржи триптофан и казеоморфин, супстанци кои опуштаат и ја отстрануваат анксиозноста и грчот во желудникот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi