10 тајни на слабите луѓе

31 август, 20110
devojka

-Слабите луѓе се ставаат себе си на прво место.

Слабите луѓе генерално тврдат дека не прават ништо посебно, дека така сами од себе си се слаби, но, сепак, тие имаат некои навики кои се добри за линијата, а не се ни свесни за таквите навики. Најверојатно не шетаат наоколу со вагата в раце и не ја мерат секоја внесена калорија, па затоа не ни сметаат дека прават нешто посебно за одржување на линијата. Нив едноставно им одговара да јадат пет пати дневно по малку. Главно се хранат со зеленчук, овошје и со по некој протеин, а повеќето време го поминуваат во движење.

-Слабите луѓе имаат слаби родители

Гените се одговорни за линијата на телото и тоа до 30%. Битна е и културата на јадење во семејството, така што ако сите заедно јадат здрав појадок и вечера, поголема е веројатноста дека и вашето дете ќе го научите да јаде на тој начин.

-Слабите луѓе не прескокнуваат оброци

Ова е важно за да не се доведете до ситуација да прегладнете и потоа да сакате да изедете било што и тоа во огромни количини. Особено внимавајте да не го прескокнувате појадокот – најважниот оброк во денот.

-Слабите луѓе ограничуваат што ќе јадат

Најлесен начин да го постигнете тоа е да не носите дома нешто што не сакате да го изедете. Имено, она што мозокот не го гледа, нема ни да го посака, па така е полесно да се контролирате. Многу жени тврдат дека дома воопшто не чуваат сладолед, газирани сокови и грицки.

-Слабите луѓе не можат седат мирни

Во текот на едно истражување во Америка забележано е дека слабите луѓе се за 1 до 2 саати подолго на нозе дневно отколку подебелите луѓе. Слабите почесто стојат додека чекаат автобус, а во автобусот повторно претпочитаат да стојат, додека пак, дебелите седат цело време.

-Слабите луѓе внимаваат на килограмите

Со ова не се мисли дека тие опсесивно секој ден по два пати се мерат, туку дека барем еднаш неделно проверуваат дали има некоја промена во тежината. Нив не може да им се случи да се здебелат 10 килограми, а да не приметат и поради тоа многу полесно се враќаат на првобитната тежина. Килограм или два се симнуваат за нецела недела. Слабите луѓе си имаат граница и кога ќе ја преминат, елиминираат некој дел од јадењето и пиењето за повторно да се вратат во првичниот колосек.

-И слабите луѓе се гурмани

Не е вистина дека слабите луѓе не уживаат во храната. Напротив, тие уживаат во секој залак, дури и повеќе од дебелите, бидејќи немаат грижа на совест што јадат. Веројатно така и треба да се размислува за храната – дека е вкусна и дека ни чини добро, бидејќи спротивното мислење на калориите и дебелината така и делува на нашето тело.

-Слабите луѓе го практикуваат она што „пали“ за нив

Работата е што секој си наоѓа нешто што му одговара и се придржува до тоа. Некој слабее ако оди почесто во теретана, некој ако подолго вози велосипед, а некој ако место сладолед  јаде овошје. Важно е вие да откриете што ве дебели најмногу и без што можете да живеете, па тоа да го исфрлите од исхраната или да му најдете достојна замена.

-Слабите луѓе имаат добра мотовација

Доколку вашата мотивација е дечкото, некој настан или да влзезете во старите тесни фармерки, тешко дека ќе ја постигнете целта. Слабите луѓе тренираат бидејќи тоа им одговара, свесни се дека тоа е добро за нив и јадат одредена храна бидејќи знаат дека е добра за организмот. Мотивот мора да биде добро смислен и со позитивен краен резултат за вас.

-Слабите луѓе размислуваат позитивно

Од голема важност е мозокот да му праќа на телото позитивни сигнали. Да си мислите колку сте убави кога ќе се погледенете во огледало и како изгледате сè подобро и подобро. Морате да бидете упорни и да одите на тренинг. Сè што е изговорено или замислено негативно ќе ве донесе до негативна цел.

-Слабите луѓе имаат цел

Без цел, стратегија и добри намери не почнувајте ништо во животот. Оној миг кога ќе посакате да ослабите треба да знаете и колку килограми сакате да ослабите, за колку време и на кој начин. Одберете цел, темпо и стил, па дури тогаш тргнете во акција. Замислете си како сте витки и во добра форма на крајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *