Нов провокативен начин на шминкање за повеќе гламур

7 септември, 20110
1. polnok vo rajska gradina

Живееме во време кога нашата култура и стил на живеење се инспирирани од популарните филмски саги преполни со фантазија, моќ и натприродни суштества. Светот на филмот, како и во се останато, се вмешува и во нашиот стил на живеење, на облекување, на шминкање.

Инспирирани од „фаталниот“ изглед на филмските хероини, кои не се плашат да ја покажат својата темна страна спакувана во волшебно издание, Ви презентираме еден нов, малку поинаков начин на шминкање, за кој Ви ветуваме дека никого нема да остави рамнодушен.

1. Полноќ во рајска градина: Боите кои ги користите за ваквата шминка се виолетова, хипнотички зелена, мистериозно црвена, односно бои кои создаваат чувство на „натприродна“ светлина. За овој вид на шминка Ви ја препорачуваме колекцијата на Ив Сент Лорен, насловена како „Midnight garden“.

2. Сјајна месечина: Овој вид на шминка треба да Ви даде чувство дека ништо не е невозможно. Тенот треба да биде совршен, речиси вонземски, а сенките треба да ја доловат играта помеѓу светлината и темнината на ноќта. Ви ја препорачуваме колекцијата на Живенши насловена како “Je Veux La Lune”.

3. Темно сина како замена за црна: Темно сината нијанса е единствена која може да ја замени црната, барем така смета Кристијан Диор. Ви ја препорачуваме неговата омилена колекција “Blue Tie” која нуди сини, сребрени и модри тонови кои ќе Ви дадат безвременска елеганција.

4. Шминка како отмен накит: За најелегантен изглед Ви ја препорачуваме колекцијата “Illusions d’Ombres” на Шанел, која на кожа изгледа како скап накит.  Главен адут на оваа колекција е свиленкастата светкава сенка која совршено се нанесува на кожата, а се надополнува со металик лак за нокти кој се прелева на светлина.

5. Гламурозните 40-ти: За овој период важи само едно правило – црвен кармин за заводливи усни, мистични сенки за очи и блед тен. За ваков гламурозен изглед, Ви ја препорачуваме колекцијата “St. Honore” на Ланком, која ќе ви помогне да ги оживеете 40-тите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *