Се исплати ли липосукцијата?

3 мај, 20110
liposuction-after

Липосукцијата е постапка во која се извлекуваат масните ткива од телото, но доведува и до несакани нус појави, како дебелеење на другите делови од телото, покажало едно ново истражување.

По една година откако е отстрането масното ткиво, оние кои биле подложени на липосукција, мастите ќе им се вратат во иста количина исто како и пред операцијата.

Меѓутоа масните ткива нема да се јават на истите делови од телото од кои предходно се извадени, а тоа обично се бутовите, стомакот, задникот. Наместо тоа, масното ткиво ќе се акумулира на рацете, горниот дел од стомакот, покажало истражувањето од Универзитетот во Колорадо, на експертите Тери Хернандез и Роберт Екл.

Секоја година се обавуваат над илјада липосукции. Новата студија вклучила 32 жени на возраст од 30 години па нагоре, меѓу кои 14 од нив направиле ваков зафат т.е. липосукција. Масните ќелии живеат околу седум години, а штом една умре од нив се формира веднаш друга. Со липосукцијата се уништува структурата на масните клетки, па телото компензира со тоа што создава нови на други делови од телото, навеле авторите на истражувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi