Штетноста на шминката на сонце

10 јули, 20110
sminka i sonce

Знаете ли дека штетното дејство на сонцето не е само поради ултравиолетовите зраци кои влијаат на кожата? Козметичарите тврдат дека редовната дневна шминка, па дури и парфемот, под сончевите зраци имаат разорно дејство.

Освен алергија на сончеви зраци, алергиските реакции на кожата можат да бидат предизвикани кога сончевата светлина ќе дојде во контакт со козметика или мириси.

Вашиот омилен парфем под дејство на сончевите зраци се разградува на прости честички, а производите од тоа разградување можат да предизвикаат алергиска реакција. Дури ни кремите за заштита од сонце не можат да помогнат во овој случај. Затоа дерматолозите препорачуваат да не користите парфем кога одите на плажа, а во лето обидете се да го избегнете доколку мора да поминете подолго време на сонце. Покрај тоа, забележано е дека парфемите можат да ја зголемат чувствителноста на кожата на сонце.

Не смеете да се изложувате на сонце после микродермоабразија или доколку ви се лупи кожата. Многу антибиотици ја зголемуваат чувствителноста на кожата под сончевите зраци, како што се конвенционални аналгетици или народни лекови направени од кантарион.

Ретиноидите се неспоиви со сонцето. Затоа, кремите со ретинол користете ги само како ноќни креми за време на летото.

Не се препорачува излегување на сонце после третман со ласер, а истиот случај е и со другите козметички интервенции со ласер, за кои не се препорачува излегување на сонце најмалку еден месец. Во спротивно, кожата може да стане потемна на местата кои биле изложени на ласер.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi