Знаете ли зошто служи тоникот за лице?

8 јули, 20110
tonik

Дали некогаш сте се запрашале зошто служи навистина тоникот за лице? Овој производ многу жени го сметаат за не важен чекор во негата на кожата и во секојдневните ритуали за убавина го прескокнуваат. Ви откриваме некои факти околу оваа често занемарувана , но многу важна состојка во негата на лицето:

Токникот за лице не служи за одстранување на шминка или нечистотија на лицето, таа функција првенствено ја имаат геловите и пените замиење, млекото за чистање лице. Тоникот за лице всушност е раствор кој се нанесува на лицето со неколку причини:

  • Ја влажни кожата, ја омекнува и спречува сушење, посебно во зимските и топлите летни месеци, заради греењето и климатизација во затворените простори
  • Го отсранува бигорот од водата кој останува после миење и и ја враќа природната киселост на кожата
  • Ги отстранува остатоците од млекото за чистење лице
  • Делува антибактериски и противинфламаторно на кожа склона кон иритации, воспалувања и алергии

    Претставува влажна подлога врз која се нанесува крема, серум и останати препарати за хидратација на кожата.

Како правилно да нанесете тоник за лице?

По гелот(пената) за миење лице или млекото за чистење, тоникот нанесете го со памукче.

Кога сакаме само да ја навлежниме и освежиме кожата, нанесуваме тоник во спреј, а потоа го оставаме да се исуши без триење или бришење.Во тоа лежи тајната на тремалните води кои се нанесуваат на лицето за смирување на иритација

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *