Како знаете дека сте здрави?

10 мај, 20110
Young Woman Standing with Arms Stretched Out

Во општество каде секојденовно сите се опседанти со своето здравје, речиси е невозможно да се побегне од приказните за болестите. Поминуваме толку многу време размислувајќи дали имаме  некоја болест, наместо да гледаме на другата страна, што всушност значи да сме здрави? Еве некои показатели на здравото тело.

 

Имате цврсти, розевкасти нокти

Иако, ова не првата работа која ви текнува додека размислувате за вашето здравје, сепак ноктите се еден од најдобриот показател за истото. Во принцип, на здравите луѓе, ноктите им се цврсти, розевкасти и мазни. По некоја бела дамка не е причина за паника. Меѓутоа, за секоја поголема промена треба да се грижите. На пример, дебелите жолти нокти кои споро растат, може да укажуваат на респираторни болести, како што е хроничниот бронхитис. Пукнатините или процепите може да бидат поврзани со дијабетис, или ноктите кои се меки и свиткуваат кон нанадвор може да алармираат недостаток на железо во крвта. Значи, ако ноктите на прв поглед не ви изгледаат добро, тогаш треба да се консултирате со вашиот лекар.

 

Урината ви е светло жолта боја

Дали некогаш сте ја провериле вашата урина? Ако одговорот на ова прашање е не, тогаш треба да почнете, бидејќи токму таа може да биде добар показател за сериозни пореметувања на вашиот организам. Најдобро е урината да е светло жолта боја, се разбира може да има неколку нијанси, во зависност од тоа колку вода внесувате. Ако пиете многу течности, таа може да биде и безбојна, што и не е проблем. Покрај бојата, обрнете внимание и на мирисот, на капките крв или секоја промена која не делува дека е последица од одредена храна или лекарства.

 

Пулсот ви е 70 отчукувања во минута

Бројот на отчукувања во една минута во состојба на мирување (RHR) е одличен показател за вашата кондиција. Иако, овој показател варира со годините, кај мажите изнесува од 70 до 75 отчукувања во минута. Всушност (RHR) помеѓу 60 и 100 се смета за нормален кај возрасните. Отчукувањата кои се под или над оваа граница, покажуваат сериозни проблеми. За да го измерите овој пулс, ставете два прста на внатрешната страна на зглобот. Кога ќе го почуствувате пулсот, погледнете кон часовникот и почнете да мерите број на отчукувања во 15 секунди. Потоа, помножете го овој број со четри и ќе го добиете вистинскиот број на отчукувања во минута.

 

Кожата ви е еластична

Еластичноста на кожата се користи за да се увиди степенот на дехидрација на организмот. Ако неодамна сте имале дијареа или сте повраќале, големи се шанските дека сте дехидрирани. За да ја измерите еластичноста на кожата, фатете ја со врвот на раката и подигнете ја малку. Дехидрираната кожа ќе остане некое време подигната, а потоа полека ќе се врати во почетната положба, додека здравата кожа веднаш ќе се врати на место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi