Колку трае идеалната дремка?

30 април, 20110
deep-sleep-af

Отако во март оваа година, дури пет американски контролори на летање се успаа на должност, експертите ги советуваа во иднина во текот на паузата да одремат точно 26 минути, за да не се повторат таквите ситуации.

Многу се зпарашуваат дали точно 26 минути се идеално време за организмот да се одмори, а испитувањето кое во 1995 година го спровела НАСА покажало дека дремката која трае 20 до 30 минути има повеќекратна корист. Експертите од НАСА посочиле дека со 26 минутниот одмор се подобрува извршувањето на работата за 34%, а се зголемува будноста и вниманието за 54%.

Меѓутоа други експерти мислат дека оваа дремка од 26 минути е премногу и дека со неа постои ризик да се падне и во длабок сон. Џим Хом, директор на ’Sleep Research council’ во Англија, смета дека идеална комбинација за одмор е одредена количина на кофеин и 20 минутно мижење. Всушност, на кафето или било кој друг коефеински напиток му треба 20 минути да почне да делува, па затоа точно за 20 минути истото ќе ве разбуди.

“Напијте се шоља кафе и спуштете ја главата, тоа заедно има многу појак ефект“, советува Хом и додава дека според неговото мисење дремката од 15 минути е идеална. Тој објаснил дека овој одмор од 15 минути има ефект кај оние кои кратк оспијат, додека вистинските спијачи ова нема да ги освежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *