Срцето ќе може само да се регенерира?

3 февруари, 20110
srce

Британската фондација за срце, започна проект за кој одвои 50.000.000 фунти, или 80 милиони евра и има за цел во рок од една деценија да развие експериментални лекови кои ќе овозможат срцевите клетки да се регенерираат. Досегашните истражувања укажуваат дека кај некои животни како што се зебрите, а исто така и кај рибите е забележана појава, каде срцевото ткиво се регенерира. Научниците сега земаа за задача да го постигнат истото и каj човекот. Британскиот тим на чело со професорот Пол Рајли веќе има природен протеин кој е наречен “timozin beta 4” и ја има улогата за развој на срцевото ткиво. Тимот пак воден од професорот Мајкл Шнајдер, ќе се фокусира на работата на “латентните” матични клетки, кои се многу активни во развојот на срцето на ембрионите, но овие клетки не се во можност да ја поправат штетата од како детето ќе се роди. Тимот ќе се бори да најде начин како да ги активира овие латентни ќелии на безбеден начин да го поправат оштетеното срцево ткиво, а при тоа да не излезат од контрола. Една можна стратегија да се постигне ова е со одредени лекови, кои ќе го активираат процесот. Нашчниците сметаат дека ќе забележат успех на ова поле и еден ден, трансплатацијата на срце ќе биде елиминирана од употреба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *