Зошто жените не може да имаат секс без да се заљубат??? А на мажите „око не им трепнува“… :)))

3 ноември, 20110
seks bez ljubov

Ве иритираат многу негови потези, но после сексот едноставно не може да престанете да размислувате дека сакате да му родите деца.

Станува збор за феноенот познат како “проклетството на оргазмот”, а се појавува веднаш по сексот. Тогаш мажот од обичен безначаен сателит станува „Сонце“ во очите на жената. Но зошто?

Тој нема направено ништо импресивно и сеуште ве нервираат многу ситници како и пред сексот. Но едноставно не може да престанете да се замислувате во љубовна врска, па и во брак со него. Свесни сте дека тоа е сосема лудо, но едноставно не можете да ги запрете мислите кои веќе градат иднина за вас двајцата.

Научниците од универзитетот Ратгерс се портудија да го истражат овој феномен и она што точно се случува во нашето тело за време на оргазам кој не тера да правиме глупости. Истражувачите откриле дека мозокот се пали како пинбол машина пред, за време и по оргазам.

Но главниот виновник за нашите измешани емоции дека е хормонот окситоцин, кој едноставно не „тера“ да се врземе за едно лице и да ги вложиме нашите емоции. Нашите тела го ослободуваат овој хормон кој влијае врз нашите мисли, без оглед на здравиот разум. Окситоцинот не бира дали станува збор за некој „идиот“ или пак за „Господинот вистински“ – тој едноставно не прави разлика.

Овој феномен за жените претставува вистински проблем, бидејќи момците не ги делат истите забуни и чувства по сексуалниот однос. Телата на мажите по оргазмот ослободуваат допамин, исто така познат како хормон на задоволство.

Билансот по сексот е следен – мажите се чувствуваат задоволни и мислат на пица, фудбал или спиење, додека жените се наоѓаат во тотален емотивен хаос бидејќи не можат да одлучат дали „типот“ им се допаѓа или не. Е навистина е послесно да си машко на овој свет!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi