Најголемиот „женски“ настан на светот

26 март, 20120
ginis nastan

Освен што беше прогласен за најброен женски маратон на светот, Нагоја Воман Маратон 2012, кој се оддржа во Јапонија, беше прогласен и за најголем „женски“ настан во светот.

Во маратонот учествувале 13 114 жени, а самиот настап бил квалификациона трка за Јапонките кои сакаат својата држава да ја претставуваат на Олимписките Игри во Лондон.

Маратонот, кој стана Гинисов рекордер, успешно го завршија 12 721 жени (97% од пријавените), а победнична на маратонот беше Албина Мајорова од Русија, која го истрча маратонот за 2:23:52.

На второто место се најде јапонката Јошими Озаки (2:24:14), додека на третото место се најде Реми Наказато (2:24:28), исто така од Јапонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *