Нов Гинисов рекорд: 25 жени се ‘напикаа’ во мини морис:)

16 ноември, 20120

Соборен е уште еден рекорд во Гинисовата книга на рекорди, откако 28 еластични девојки успеале да влезат во мини морис.

За да го изведат овој потфат, девојките од англиската покраина Сусекс вежбале со недели.

Меѓу другите најчудни и најсмешни работи кои вчера беа прикажани на Денот за Гинисови рекорди беше оној на Стив Џејкобс, кој облече 266 пара гаќи на себе.

Јапонецот Кеничи кој со години го држи рекордот за „најбрз човек на четири нозе“, вчера постави нов светски рекорд, 14,47 секунди.

Во Хамбург, Германија Мухамед Каримановиќ со рака, за само една минута скрши 16 кокосови ореви.

Михаел Коп ќе остане запишано во книгата оти тој е човекот кој постави рекорд во најдолго вртење на баскет на четкичка за заби, вкупно 26.078 секунди. Манџит Синг во англискиот град Лечестер подигнал товар од 24 килограми, само со очните капаци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi