Почина највисоката жена на светот

5 декември, 20120
1

Највисоката жена на светот, Јао Дефен од Кина, умрела минатиот месец на 40 години, јавуваат денес кинеските медиуми.

Јао Дефен умрела на 11 ноември во својот дом во источната кинеска провинција Анхуи.

Во Гинисовата книга на рекорди Јао Дефен во 2010 година е прогласена  за највисока жена на светот, бидејќи е измерено дека е висока 2,33 метри.

Во неведената причина за смртта, пишува дека Јао била исклучително висока, бидејќи боледувала од тумор на хипофизата кој влијаел врз хормонот за раст.

Весникот пишува дека Јао како млада изграла кошарка, како и тоа дека на 15 години била два метри висока.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi