Фатима Ибраими, која живее во Македонија, има 113 години и е најстариот жител на Балканот. Ибраими, по националност е турчинка, родена на крајот на 19-ти век, 1898 или1899 година и живее сама во штипското село, Селце. Родила вкупно 10 деца. Највозрасниот починал кога имал 80 години.
Иако живее сама се чуствува добро, само по малку ја болат рацете и нозете, па не може многу да се движи. Фатиме е од турска националност.
Не одела на училиште и цел живот била домаќинка, па не успеала да научи македонски. Нема здравствена книшка зошто немала и потреба од неа. Никогаш не го изгубила апетитот, посебно кога се работи за нешто благо.
– Никогаш не сум била на доктор. Ако има бонбнони мислам дека ќе живеам уште толку, зошто сум многу по благото-изјавила Фатима Ибраими, жителка на село Селце.
Благодарение на желбата за храна, после 100 години и никнале два нови заба, а чуствува дека и други се на повидок. Бидејќи не е во состојба самата да се грижи за себе, жителите на селото секојдневно ја снабдуваат со потребните прехрамбени продукти.
Нејзиното седмо по ред дете има 73 години. Живее подалеку во селото, но не пропушта ден, а да не дојде и да ја посети, иако и самата има обврски околу внуците и паравнуците. Фатиме не знаеше да изброи колку живи потомци има во моментот, но по се изгледа тој број кореспондира со нејзините години.