Иновации од иднината – Несекојдневна скара

30 септември, 20120
644014_593_

На пат сте. Умирате од глад, но нема каде да застанете за да јадете или немате време за тоа. Сакате да грабнете еден добар и вкусен сендвич.? Си мечтаете за вкусно мевце  меѓу две лепчиња и едвај ве чека да го изедете? . Ајде, може и без лебчињата.

Сега ви ја претставуваме ауспух бургер скарата , која пече ќофтиња и тоа на еден еколошки и ефикасен начин и згора на сè заштедува време . Составена е од два дела, и на прв поглед изгледа како некое чудно суштество, но ако видите поубаво всушност претставува еден обичен тост апарат, но со “уши” кои ги прифаќаат и одведуваат издувните гасови на возилото. Не се плашете.  Од Design Boom кои претставуваат цела група од Иран и кои стојат зад овој пронајдок нè уверуваат дека никаков штетен воздух не продира во вашето драгоцено јадење , сместено во тесните метални челусти на решетката во ауспухот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *