Судбина јарцу да носи рогове:)

2 март, 20120
AET08829

Бог го создал магарето и му рекол: Ти ќе бидеш магаре, ќе работиш од утро до мрак, ќе носиш на твојот грб се што ќе ти стават и ќе живееш 30 години.

Магарето одговорило: Нека биде како што ти сакаш, Господе, но…30 години е премногу, зарем не би било подобро да се 10?

Го послушал Господ магарето и го создал таков.

Потоа го создава Бог кучето и му вели: Ќе бидеш куче, ќе ја чуваш куќата на човекот, ќе јадеш што ќе ти дадат и ќе живееш 25 години.

Кучето одговара: Нека биде како што ти сакаш, Господе, но…25 години е премногу, зарем не се доволни 10?

Го послушал Господ кучето и го направил такво.

Потоа, го создава Бог мајмунот и му вели: Ти ќе бидеш мајмун, ќе скокаш од дрво на дрво и ќе правиш мајмунски работи за забава и ќе живееш 15 години.

Мајмунот одговара: Нека биде како што ти сакаш, Господе, но…15 години нели е премногу, зарем не е подобро само 5?

Го послушал Господ мајмунот и го направил таков.

Конечно го создава Бог човекот и му вели: Ти ќе бидеш човек, најинтелегентното створење на земјата, ќе владееш со светот и се шт е во него (освен жената – со неа никогаш нема да успееш) и ќе живееш 30 години.

Човекот одговара: Ви благодарам и нека биде по Ваша волја, Господе, но…30 години не се доволни, зарем не би можел да ми ги дадеш 20те години што не ги сака магарето, 15 години што ги одби кучето и 10 години од мајмунот?

Го послушал Господ и го создал човекот таков.

И така човекот живее 30 години како човек, потоа се жени и живее 20 години како магаре, работејќи од утро до мрак и тегнејќи го на грб товарот на семејството. Потоа оди во во пензија и живее 15 години како куче, чувајќи ја куќата и јадејќи што ќе му дадат. И на крајот, живее уште 10 години како мајмун, скокајќи од стан во стан на своите деца, глупирајќи се за да ги забавува внуците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi