Време е да му го избришеш софтверот!

13 февруари, 20120
creepy-computer-dude

Ова е многу типичен проблем на кој корисниците се жалат и тоа се случува поради заблуда. Многу наши корисници вршат надградба од Дечко 5,0 на маж 1,0 што всушност е кардинална грешка, бидејќи Дечко5,0 е пакет за забава, додека Маж 1,0 е оперативен систем и тоа дизајниран да извршува што помал број на апликации.

При тоа многу програмерски фајлови можат да се инсталираат само еднаш годишно, а и тоа е условено со многу фактори поради тоа што Маж 1,0 има многу ограничена меморија. Затоа ви предлагаме да размислите за купување на нов софтвер за подобрување на перформансите.

Како најефикасна се покажала Кујната на неговата мајка 18.8, Трпение 10.0, а не треба да ја заборавиме и Секси облеката 1.1. Кога се користат заедно овие програми ќе направат Мажот 1.0 да развие квалитети како што се Поправки и помош околу куќата 1.0, Најдобар пријател 7.6, Ноќни излегувања 1.2, Романтика 1.0, па дури и Теретана 1.1.

Ве советуваме, по никоја цена да не ја инсталирате програмата Свекрва 1.0, бидејќи таа апликација и понатаму дава смроносна функција за Мажот 1.0 вовлекувајќи го во јамка во која ќе изврши само Ловење 9.4, Спорт 5.2  се додека конечно не падне во програмата Пиво 6.0, која предизвикува генерација на датотеките Пивски стомак 9.1 и ‘Рчење која е практично невозможно да се избрише.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi